25/04/2024
Македонија

Северна Македонија ја задржа лидерската позиција во регионот според условите за водење бизнис на ранг листата на Светска банка

Во последниот извештај на Светска банка „Doing Business 2020‘‘ Република Северна Македонија е рангирана на 17-то место меѓу 190 држави во светот. Оваа позиција на листата и понатаму ја прави нашата земја лидер во регионот, и според условите за водење на бизнис и е рангирана подобро од Турција (33), Словенија (37), Србија (44), Црна Гора (50), Хрватска (51), Романија (55), Косово (57), Бугарија (61), Грција (79), Албанија (82) и Босна и Херцеговина (90).

Од земјите од ЕУ, Северна Македонија е подобро рангирана од 24 земји-членки и тоа: Естонија која е позиционирана на 18-то место, Латвија (19), Финска (20), Германија (22), Ирска (24), Австрија (27), Шпанија (30), Франција (32), Словенија (37), Португалија (39), Полска (40), Чешка (41), Холандија (42), Словачка (45), Белгија (46), Хрватска (51), Унгарија (52), Кипар (54), Романија (55), Италија (58), Бугарија (61), Луксембург (72), Грција (79) и Малта (88).

Од Северна Македонија подобро рангирани се следните земји: Нов Зеланд (1), Сингапур (2), Хонг Конг (3), Данска (4), Република Кореја (5), САД (6), Грузија (7), Велика Британија (8), Норвешка (9), Шведска (10), Литванија (11), Малезија (12), Маурициус (13), Австралија (14), Тајван (15) и ОАЕ (16).

Ранг листата „Doing Business 2020‘‘ на Светска банка се формира врз основа на вредностите на 10 индикатори како што се Започнување на бизнис, Пристап до кредити, Спроведување договори, Заштита на малцинските инвеститори, Добивање градежни дозволи, Пристап до електрична енергија, Регистрирање имот, Плаќање даноци, Прекугранично тргување и Решавање несолвентност.

Во ранг листата за 2020 година, кај три индикатори има напредок (Добивање градежни дозволи, Пристап до електрична енергија и Спроведување договори), а кај останатите индикатори не се забележани промени при нивното мерење во праксата