28/03/2024
Македонија

Состанок на високи службеници за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан

Денеска (16.05.2022) во Брисел, Белгија се одржува Состанок на високи службеници за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, во рамките на француското претседателство со Советот на Европа, на кој учествуваат претставници од регионот на Западен Балкан, заедно со претставниците на Европската комисија, како и високи претставници од ЕУ агенциите. Нашето министерство како координатор на Поглавјето 24- Правда, слобода и безбедност е претставено од страна на г. Муамет Реџепи- помошник министер за Европска Унија и меѓународна соработка, кој ги презентираше достигнувањата, како и предизвиците со кои се соочува Република Северна Македонија во областа на Поглавје- 24.

Од страна на претставници на Европската комисија беше констатиран напредокот на Република Северна Македонија и искажана силна поддршка и порака дека интеграцијата на Западниот Балкан во Европската унија останува висок приоритет во нивната агенда. На состанокот покрај прашањата од ЕУ агендата се разговараше и за исполнувањето на ветувањата за обезбедување на ефикасна помош за бегалците од Украина, како и за размена на информации.

На маргините на состанокот г. Реџепи оствари работна средба со г. Елие Кавињо- Директор на директоратот за ЕУ и меѓународна соработка во Министерството за внатрешни работи на Франција, кој исто така беше претседавач од страна на Европската комисија.