19/04/2024
Македонија

Состојба на патиштата по врнежите од снег на територијата на Република Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи на снег со променлив интензитет има на целата територија на Македонија. Поради ниските температури можна е и појава на голомразица.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри, има на планинскиот премин Стража. 

На патниот правец Маврово – Дебар и обратно, во близина на манастирот „Св.Јован Бигорски“, поради свлечиште, сообраќајот е во целосен прекин. 

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп – Макакедонски Брод преку планинскиот премин Барбарос, на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

На патниот правец Ресен – Битола, на планинскиот премин Буково, поради обилни врнежи на снег, сообраќајот за тешки товарни возила е отежнат и можно е поради безбедносни причини полицијата да не дозволи движење на истите.