16/04/2024
Македонија

Со амбасадорски грант на САД реализиран проектот за конзервација на крстилницата во Епископската базилика во Стоби

Во Стоби еден од најзначајните споменици од римската и доцноантичка епоха, денеска е промовирана целосно конзервираната крстилница во Епископската базилика …

Stobi_10

На промоцијата  на која присуствуваа и претседателот на Владата Зоран Заев и американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, се обрати министерот за култура Асаф Адеми.

Stobi_8

„По реализацијата на грантот за археолошки истражувања на Римскиот форум во Стоби и грантот за заштита на фреските од старата Епископска базилика, проектот за конзервација на крстилницата во Епископската базилика е трет грант за заштита на културното наследство на овој локалитет  кој се реализираше со средства во висина од 89 илјади долари добиени од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД“, истакна министерот Адеми.

stobi_12

Тој додаде дека од 2001 година досега, од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД, кои се нашголем стратешки, политички, економски и културен поддржувач, во Македонија досега се доделени околу 1 милион и 300 илјади долари за реализација на 13  проекти за зачувување, конзервација и реставрација на културното наследство.   

Stobi_4