28/03/2024
Македонија

Фатени на дело двајца крадци во Прилеп, одземеното вратено на сопственикот

На 12.11.2021 во 15.00 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца малолетници (машко и женско), кои биле затекнати при извршување кражба во продажен објект на истата улица. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.