19/04/2024
Македонија

Честитка на Кирацовски за Бадник и Божиќ: Секој да ја почувствува радоста, спокојот и мирот, нека ве грее огнот на среќата

По повод големите христијански празници, Бадник и Рожденство Христово – Божиќ, генерлниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во свое име и во името на СДСМ, упати честитка до сите православни верници кои ги прославуваат, до поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан и до членовите на Синодот.

Во честитката Кирацовски наведува дека симболиката, големината на Христовото раѓање – Божиќ е секој да ја почувствува радоста, спокојот и мирот.

„Дозволете да посакам во секој од нас да се роди добрина, љубов и човечка почит. Нека ве грее огнот на среќата, радоста и семејната топлина. Да се почитуваме, да дадеме придонес во негувањето на човековите вредности, многу значајни и за општеството кое сите ние заедно го градиме.

Нека е честит големиот празник Рожденство Христово – Божиќ! За многу години, Христос се роди! “ стои во честитката на Кирацовски.