16/04/2024
Писма/Колумни

10 години Здружение „Инклузија“

На денешен ден, пред точно една деката, ја започнавме приказната која се нарекува здружение за мултикултурна интеграција “Инклузија”. Ветувајќи си мотивација и посветеност на каузата поради која се решивме да го формираме здружението и трасирајќи ја вербата дека нашите дела ќе придонесат за унапредување на квалитетот на живот на младите луѓе и на сите граѓани на општината кои припаѓаат на различни етнички заедници, денес ја заокруживме првата декада на успешност.

  Во изминатите десет години успеавме да станеме организација препознатлива во различниот пристап пред се кон младите, кон нивниот успех и напредок, така што создававме подобри и поповолни услови за нивна успешна интеграција во општеството, во кое тие утре ќе треба да не претставуваат сите нас и да носат одлуки за иднината.

  Создававме проекти и активности со кои значително ја истакнувавме вредноста на младинскиот активизам, значењето на младиот човек и неговата вредност за градот и за државата. Кај младите стекнавме доверба како нивен репрезент пред органите на власта и лидер, во делот на неформалното образование.

  Нашите цели и задачи беа, се и ќе останат да градиме мостови на соработка, мир, вера, толеранција и разбирање помеѓу сите млади и секој човек, без разлика на нивната боја на кожа, верска, политичка и социјална припадност, во духот на нашето име – ИНКЛУЗИЈА.

  Зад нас стојат повеќе од 15 успешно реализирани проекти, а посебно сме горди на “Промоција на меѓукултурното партнерство, преку езерото”, кој, оваа 2021 година добива и нова одржливост преку проектот “Низ иста призма – сите сме исти”, во чии рамки го промовираме принципот на заедништво на сите етнички заедници кои егзистираат на ова тло. Тој принцип не дефинира и како луѓе, кои понатаму треба да споделуваат еднакви залагања и резултати, на сите полиња.

  Во последните три години, го подигнавме нивото на активност и на европско ниво, како имплементатори на Еразмус плус проектот “Претприемништво, вработливост и зајакнување на млади луѓе со помалку можности”, во чии рамки, во декември 2018 години бевме домаќини на 50 млади луѓе од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Шпанија, Италија, Португалија и Словачка и работевме на нивните лидерски вештини и на оспособување за излегување на пазарот на трудот.

  Понатаму, во јуни 2019 година, бевме партнери на центарот за целоживотно образование “ЕДУФОНС” од Нови Бечеј, Србија, како дел од нивниот проект “Сетилата на Европа”, каде испративме 10 – мина учесници, кои со нивните врсници од северниот сосед, работеа на детектирање на разликите и сличностите меѓу нив, како младинци од историски и културно слични средини.

  Годинава ја започнавме со партнерство на уште еден европски проект, “Не во мое име – алатки за offline и online borba против говорот на омраза” на романската организација “УИЕТ”, каде што од 8-ми до 19-ти јануари, преку платформата zoom 4-ца наши претставници учествуваа во креирањето соодветни алатки за борба против говор на омраза како едно од најголемите зла на денешницата, заедно со останати чинители од Унгарија, Романија, Велика Британија и Хрватска.

  Во септември 2021 и во февруари 2022 година, ќе реализираме партнерство на проектот “Столбови на зајакнување“, со две организации од Словачка и од Австрија, а во меѓувреме, продолжуваме и со повече други проектни активности на регионално ниви.

  Нашето значење се состои и во тоа што, низ изминатите години, успеавме да бидеме препознаени како партнери на локалните и регионалните политички чинители, основните и средните училишта, медиумите, како и соработници на општините Охрид и Дебрца, што ни предизвикува посебна гордост.

  Иако зад нас оставивме тешка пандемиска година, во која претрпевме сериозни финансиски последици, сепак веруваме во нашата мисија и визија и продолжуваме напред со двојно повеќе сили и поголеми чекори, за и во годините пред нас да се бориме за доброто на идните генерации.  

Вахид Мемед, претседател на Здружението Инклузија