25/04/2024
Македонија

106 санкционирани возачи во Скопје, 47 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 106 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 10 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, осум за непрописно престигнување и обиколување, пет за возач почетник, 20 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.