28/03/2024
Македонија

1.163 нови случаи на Ковид -19, починати се 35 лица

Во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на КОВИД-19 во:

-Скопје 473
-Битола 100
-Куманово 90
-Прилеп 62
-Охрид 50
-Струмица 45
-Тетово 36
-Штип и Кичево по 32
-Велес 29
-Кавадарци 28
-Гостивар и Кочани по 27
-Гевгелија 22
-Струга и Свети Николе по 14
-Неготино и Радовиш по 12
-Ресен и Валандово по 11
-Виница 10
-Крива Паланка и Берово по 7
-Демир Капија и Демир Хисар по 3
-Делчево 2
-Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод по 1

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (39г , 63г , 65г , 75г , 76г ,77г, 79г), по 4 починати пациенти од Кавадарци(56г, 68г, 73г, 77г) и Штип (47г, 69г, 70г, 78г), 3 лица од Струмица (71г, 2 лица по 81г), по 2 починати пациенти од Прилеп (76г и 82г), Велес (72г, 85г), Крива Паланка (60г и 72г) и Битола (63г и 69г), и по 1 починат пациент од Куманово (66г), Гостивар (78г), Неготино (82г), Гевгелија (62г), Свети Николе (64г), Радовиш (68г), Охрид (64г), Кичево (69г) и Ресен (71г).

Регистрирани се 854 оздравени пациенти од:

-Скопје 475
-Прилеп 52
-Велес 40
-Куманово 37
-Кавадарци 36
-Тетово 27
-Кочани 25
-Гостивар 23
-Неготино 22
-Берово 18
-Штип 16
-Крива Паланка 13
-Гевгелија 12
-Струмица и Свети Николе по 9
-Радовиш и Валандово по 8
-Виница 7
-Пробиштип 3

-Делчево, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица по 2
-Битола, Демир Капија, Крушево, Богданци, Кратово и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 655.924 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164.