20/04/2024
Македонија

1.171 нов случај на Ковид – 19, починати се 10 лица

Во последните 24 часа направени се 7.932 тестирања, а регистриран е 1.171 нов случај на КОВИД-19:
• Скопје – 641
• Битола – 134
• Охрид – 54
• Прилеп – 48
• Куманово – 39
• Кавадарци – 34
• Штип – 33
• Гостивар – 26
• Струмица – 23
• Тетово – 21
• Велес – 20
• Крушево – 16
• Кочани – 14
• Гевгелија – 13
• Кичево и Струга – по 8
• Крива Паланка и Ресен – по 6
• Виница – 5
• Неготино и Пробиштип – по 4
• Свети Николе и Берово – по 3
• Демир Хисар и Дојран – по 2
• Валандово, Кратово, Богданци, и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 77г, 84г и 91г) и по едно починато лице од Битола (78г) и Валандово (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно лице од Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово, починати во период од 16.12.2021 до 05.01.2022г. Починатите се на возраст од 48 години до 83 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 204 оздравени пациенти од:
• Скопје – 120
• Битола – 23
• Гевгелија – 9
• Ресен – 8
• Прилеп и Кочани – по 6
• Кавадарци и Велес – по 5
• Куманово, Струга и Македонски Брод – по 4
• Охрид – 3
• Штип – 2
• Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе и Богданци – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.641.868 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231.436, бројот на оздравени пациенти е 214.258, на починати е 8.012, а бројот на активни случаи изнесува 9.166