14/01/2026
Охрид

13 години WebOhrid

Почитувани драги и ценети читатели,

Со особена радост и гордост објавуваме дека оваа година нашиот медиум WebOhrid слави 13 години постоење! Оваа значајна годишнина е уште еден доказ за нашата посветеност, упорност и континуирана желба да обезбедиме брзо, точно и објективно информирање за јавноста.

Во текот на овие години, нашата редакција постојано се усовршуваше и успешно се адаптираше на новите предизвици во медиумскиот свет. Како членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и горд член на Регистарот на професионални онлајн медиуми www.promedia.mk, остануваме целосно посветени на почитување на етиката и професионалните стандарди во известувањето.

Нашата работа е препознаена преку многубројни признанија, пофалници и благодарници од релевантни институции, компании и поединци. Но најголемото признание за нас сте вие – нашите читатели. Вашата поддршка, доверба и коментари се темелот на нашиот успех и мотив да продолжиме напред.

Изразуваме искрена благодарност кон сите вас што бевте со нас изминативе 13 години, како и кон нашите деловни партнери за нивната поддршка.

Се обврзуваме дека и понатаму ќе работиме со истата страст и професионалност, со надеж дека нашата објективност и квалитетно известување ќе бидат причина за вашата понатамошна доверба.

Ваш WebOhrid!