20/04/2024
Македонија

133 санкционирани возачи во Скопје, 63 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63, девет санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет санкции за возење без возачка дозвола, четири за користење мобилен телефон.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.