19/04/2024
Македонија

1347 нови случаи на Ковид -19, починати се 17 лица

Во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1347 нови случаи на КОВИД-19 во:

-Скопје 643
-Куманово 90
-Прилеп 85
-Велес 61
-Охрид 56
-Битола 50
-Кавадарци 47
-Тетово 40
-Гостивар 35
-Гевгелија 34
-Штип 30
-Струмица 25
-Неготино 19
-Кочани 15
-Кичево 13
-Радовиш 12
-Пробиштип 8
-Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово по 7
-Свети Николе, Дебар и Македонски Брод по 6
-Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар по 4
-Крушево и Пехчево по 3
-Кратово 2

Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Регистрирани се 451 оздравени пациенти од:

-Скопје 245
-Прилеп 40
-Кавадарци 23
-Гевгелија 19
-Штип 17
-Неготино 16
-Кочани 12
-Тетово и Велес по 11
-Гостивар и Струмица по 10
-Куманово 9
-Битола 7
-Демир Капија 5
-Берово 4
-Пробиштип и Богданци по 3
-Кратово 2
-Ресен, Дебар, Крушево и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, бројката на оздравени пациенти е 102.652, на починати е 3.545, а бројот на активни случаи изнесува 16.030.