17/04/2024
Македонија

138 санкционирани возачи за непрописно престигнување на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (12.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 138 прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Во контролата констатирани и законски санкционирани се и 262 останатите прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.