14 години Стоматолошка ординација Д-р Сашо Стоев
Денес го прославуваме 14-тиот роденден од постоењето стоматолошка ординација „Д-р Сашо Стоев“. Кога пред 14 години ја отворив оваа приватна здравствена установа, бев решен во неа да го вложам целото свое стручно знаење кое низ годините неуморно го надградувам, бидејќи оваа професија не дозволува да заостанете некаде во времето. Во неа бев решен да вложам и огромен ентузијазам со кој неуморно ќе ја работам својата работа, бидејќи можете да сте успешен во она што го работите само доколку нештото го работите со огромна љубов. Тоа беа темелите на кои и денес се развива оваа успешна приказна која денес може да се пофали со голем број задоволни пациенти кои своето задоволство ни го искажуваат со својата насмевка и со својата лојалност, гледајќи во нас вистински пријател кога станува збор за грижата за оралното здравје. Благодарен сум на секој еден од нив кој ја подарил својата доверба токму на оваа здравствена установа, па затоа секогаш се стремиме да постигнеме врвен резултат кај секој еден пациент и со тоа да покажеме дека нивното задоволство вистински ни е важно.
Од името на целиот тим на Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“, Ви благодарам за вниманието, Ви благодарам на сите за прекрасните честитки и се надевам дека сите заедно ќе имаме можност да прославуваме уште многу родендени кои ќе симболизираат уште многу убави насмевки, во многу поубави времиња ! Дотогаш, останете сите во добро здравје !
Редакцијата WebOhrid им посакува уште долги години успешно постоење на Стоматолошка ординација ,,Д-р Сашо Стоев“.
Среќен 14ти роденден!
WebOhrid