25/04/2024
Македонија

14 лица загинаа во пожарот во ковид центарот во Тетово

Министерството за здравство информира дека во вчерашната несреќа при пожар во КОВИД центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во КОВИД центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди.

Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа.