29/03/2024
Македонија

15 прекршувања на забраната за движење, 393 санкции за неносење маска (Видео)

Од 22 часот (14.03.2021) до 05 часот (15.03.2021) констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (14/15.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 393 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.