28/03/2024
Охрид

150 годишнина од раѓањето на охридскиот поет и раскажувач Ефтим Спространов

Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев” во Охрид денес беше одбележана 150 годишнината од раѓањето на охридскиот поет и раскажувач Ефтим Спространов.

Организатори на настанот се Општина Охрид и НУ Библиотека “Григор Прличев” од Охрид.

Настанот е дел од Републичката програма за одбележување на значајни датуми и личности од македонската историја и култура, која неодамна ја усвои Собранието на РМ. За творештвото на Спространов говореа Милчо Јованоски, новинар и публицист.