28/03/2024
Македонија

180 нови случаи на ковид-19, починати се 13 лица

Во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 78
-Прилеп 18
-Кавадарци 15
-Тетово 12
-Охрид и Струмица по 10
-Куманово, Велес и Струга по 6
-Дојран 3
-Гостивар, Гевгелија и Неготино по 2
-Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево по 1.
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември. Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.
Регистрирани се 206 оздравени пациенти од:
-Скопје 146
-Куманово 14
-Тетово 8
-Велес 7
-Гостивар 5
-Кичево 4
-Струмица, Штип и Битола по 3
-Виница, Кочани, Кратово и Демир Капија по 2
-Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово и Радовиш по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 486.961 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.