23/04/2024
Македонија

19 прекршувања на забраната за движење, 584 санкции за неносење маска

Од 20.00 часот (10.04.2021) до 05.00 часот (11.04.2021) констатирано е дека 19 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (10/11.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 434 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.