24/04/2024
Македонија

19-ти состанок на СЕЛЕК во Букурешт

Денеска (04.06.2019) државната секретарка на МВР на Република Северна Македонија, Магдалена Несторовска во улога на постојан член на Советот учествуваше на 19-тиот состанок на Советот на Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа-SELEK, кој се одржа во Букурешт, Романија.

На состанокот беше усвоен годишниот извештај за работата и активностите на SELEK во 2018 година, беше презентиран ревизорскиот извештај за финансиското работење и резултатите од реализацијата на проектите кои ги спроведува SELEK. Исто така, едногласно беше усвоен предлог буџетот на SELEK за 2020 година.

Советот го усвои и предлогот на државната секретарка, Магдалена Несторовска да се зголеми видливоста на постигнатите резултaти на SELEK во сферата на борбата против трговијата со луѓе и илегалната миграција, преку одржување на конференција на SELEK во Скопје.

На 19 -тиот состанок на SELEK, беше прифатенпредлогот Велика Британија, да се стекне со статус на оперативен партнер на SELEK.