10/11/2025
Спорт

2 сребрени и 1 бронзен медал за младите натпреварувачи од М.Т.Т.Ф на „Плевен Опен 2025“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација викендов учествуваше на Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар, за деца до 14 години “Плевен Опен 2025”. Боите на М.Т.Т.Ф под водство на Марјанчо Лазаревски, оваа година ги бранеа пет натпреварувачи, еден натпреварувач од Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец – Охрид, и четири натпреварувачи од Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево – Струга. Се натпреваруваа само во една дисциплина во спаринг/борби. И покрај силната конкуренција, тие постигнаа одличен успех, освојувајќи два сребрени и еден бронзен медал.

„Огромно задоволство ми е кога ќе видам како нашите млади натпреварувачи стануваат  борци и уште од мали нозе даваат се од себе за да освојат медал од  вакви квалитетни  натпревари, пред се покажувајќи храброст и пожртвуваност од мали нозе, достојно претставувајќ и ги боите на Македонија. Исто така, ме радува што имаме млади генерации кои ветуваат светла иднина за нашиот спорт и кои се пример за нивните генерации како треба достојно да се претставува нашата државата.

Христијан Шибакоски покажа извонредна храброст и пожртвуваност, кој до патот да финале имаше победи на тројца домашни натпреварувачи, додека во финале тесно загуби во втората рунда, што за млаку му избега првото место, со овај медал Христијан е поблиску до исполнување на критериум за учество на Европско првнство, што се надеваме дека ќе успее во наредните Меѓународни натпревари.

Кристијан Гагалески истотака на десет годишна возраст покажа извонредна храброст и пожртвуваност, после тешкото полуфинале, финалето тесно го загуби од домашниот натпреварувач со што се закити со сребрен медал, додека неговиот клубски другар Теодор Ѓорески, победувајќи  во четвртфинале, додека во  полуфинале  загуби од домашниот натпреварувач со што се закити со бронзен медал. Без медал, но со добро искуство останаа Максим Шулески и Дамјан Секулоски, кои натпреваруваа во категорија деца 8-9 години, што за нив самото учество на ваков натпревар е огромен успех,“ – изјави Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф кој упатува огромна благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, Општината Охрид и Министерството за Спорт кои го подржуваат нашиот спорт и не потикнуваат за нови успеси.

Осовјувачи на медали се: 

Христијан Шибакоски, сребрен медал спаринг/борби  -40 кг , кадети 12-13 години, член на Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец – Охрид;

Кристијан Гагалески, сребрен медал спаринг/борби  -30 кг , кадети 10-11 години, член на Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево – Струга;

Теодор Ѓорески, бронзен медал спаринг/борби  -40 кг , кадети 10-11 години, член на Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево – Струга.