18/04/2024
Охрид

20 години Василичарски Карневал Куратица 2018

Здружението на граѓани „Св Василиј“ и населението на с.Куратица оваа година го организираат Јубилејниот „20 години Василичарски Карневал Куратица 2018“.

13-ти Јануари

  • 17:00 часот тргнување на василичарската поворка од пред василичарскиот оган, во посета на сите домаќинства;
  • Околу 01:00 часот завршување со посета на сите домаќинства.

14-ти Јануари

  • 19:00 часот, завршно василичарско празнување со дефиле на маски, Музичкиот дел со „Екстра Бенд“ – Скопје, а програмата ќе ја води Игор Трпчески и Маја Бимбилоска;
  • 22:30 часот прогласување на најдобрите маски, проследено со огномет;
  • 01:00 часот привршување на василичарските празнувања.