07/12/2024
Македонија

22-годишен жител од Дреново се обидел да силува 72-годишна жена

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

На 18 ноември, со употреба на сила, осомничениот се обидел да присили на обљуба 72-годишна жена. Тој влегол во нејзиниот дом, покривајќи го лицето со маица, по што се обидел да ја изврши обљубата.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомниченото лице. Но, судот, ценејќи ги сите околности, не го прифати предлогот и за осомничениот определи мерка куќен притвор за време на која тој не смее да го напушта домот и да комуницира со оштетената.


WebOhrid / 21.11.2022 / Основно јавно обвинителство Кавадарци