27-годишна жена пронајдена почината во водите на Дебарското Езеро
На 28.06.2025 година во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарското Езеро во близина на пумпната станица – Дебар, на околу два метри од брегот на езерото, почината е пронајдена С.А.(27) од Дебар.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, а лекар од Општата болница во Дебар, констатирал смрт без траги на насилство, по што телото е дадено за обдукција.
WebOhrid / 29.06.2025 / СВР Охрид