19/04/2024
Охрид

27 луѓе даруваа крв на денешната крводарителска акција

Со цел задоволување на потребите од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, кои во летниот период се силно изразени, во организација на Црвен крст Охрид и службата за трансфузиона медицина – Охрид, денес во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ – Гимназија, се реализира крводарителска акција.

Во периодот од 9:00 до 13:00 часот, 27 хумани луѓе – крводарители даруваа крв за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид.

Црвен крст Охрид изразува благодарност до крводарителите и екипите кои ја реализираа и крводарителската акција, како и до медиумите.