19/04/2024
Македонија

284 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 284 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 32, 35 за неисправни и нерегистрирани возила, 16 санкции за управување под дејство на алкохол, за непрописно паркирани возила 72 мерки и 58 за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.