16/04/2024
Спорт

30 дена до Атлетскиот викенд Охрид трчаТ 2019

Уште точно 30 дена преостануваат до третото издание на Атлетскиот викенд Охрид трчаТ, кој заслужено го носи епитот спортски настан број еден во нашиот град.

Подготовките на организаторите за „Ohrid running weekend“ се во полн ек. Викендот 31 мај, 1 и 2 јуни ќе биде во знакот на дружењето, трчањето и уживањето во убавините кои може само Охрид да ги понуди.

Пријавувањето за учество на „Охрид трчаТ“ трае до 26 мај, а тоа може да се изврши на официјалната страна Ohridtrcat.mk.