19/04/2024
Македонија

326 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 326 санкции, меѓу кои 36 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 55 технички неисправни и нерегистрирани возила, 43 за управување без возачка дозвола, 28 санкции за некористење на сигурносен појас, 11 за користење на мобилен телефон при управување со возилото, 72 изреченимеркиза непрописно паркирање, 45 возила подигнати со „пајак“.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.