20/04/2024
Македонија

333 нови случаи на Ковид – 19, починати се 17 лица

Во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 154
• Битола и Прилеп – по 23
• Кавадарци – 22
• Куманово – 16
• Охрид – 15
• Штип – 9
• Струмица – 8
• Велес – 7
• Тетово – 6
• Делчево и Валандово – по 5
• Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 4
• Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино – по 3
• Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 2
• Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 4 починати лица од Скопје (42г, 54г, 64г и 80г), по 2 починати лица од Битола (33г и 86г), Штип (62г и 78г) и Кочани (55г и 82г) по едно починато лице од Прилеп (74г), Охрид (86г), Велес (80г),Крива Паланка (77г), Богданци (58г) и Демир Хисар (83г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30.11.2021. Починатото лице е од Кавадарци, на возраст од 63г, невакцинирано и починато во болнички услови.
Регистрирани сe 376 оздравени пациенти од:
• Скопје – 135
• Битола – 34
• Прилеп – 31
• Кавадарци – 22
• Кочани – 18
• Велес – 16
• Крива Паланка – 14
• Куманово, Штип и Берово – по 12
• Гевгелија – 9
• Ресен – 8
• Тетово и Струмица – по 7
• Делчево – 6
• Кичево, Кратово и Богданци – по 5
• Виница и Пробиштип – по 4
• Охрид, Валандово и Македонска Каменица – по 2
• Свети Николе, Радовиш, Демир Хисар и Крушево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.476.534 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609, а бројот на активни случаи изнесува 8.050