19/04/2024
Македонија

336 нови случаи на Ковид – 19, починати се 17 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 169
• Велес и Струмица – по 21
• Куманово – 17
• Охрид и Кавадарци – по 15
• Битола – 14
• Штип – 13
• Кочани – 11
• Свети Николе – 10
• Прилеп – 6
• Тетово – 4
• Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 3
• Виница, Кратово и Македонски Брод – по 2
• Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 1
Регистрирани сe 222 оздравени пациенти од:
• Скопје – 118
• Штип – 14
• Кавадарци – 12
• Битола – 11
• Прилеп – 10
• Кичево – 9
• Велес – 8
• Кочани – 6
• Гевгелија и Ресен – по 5
• Кратово и Радовиш – по 4
• Неготино и Пробиштип – по 3
• Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Гостивар – по 2
• Тетово и Делчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: по 5 починати лица од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), 2 починати лица од Охрид (89г и 38г) и по едно починато лице од Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.277.428 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337