20/04/2024
Охрид

39 санкции за брзо возење на територија на СВР Охрид

Во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) на територијата на СВР Охрид спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 39 возачи. Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 30 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а девет надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.