3×3 баскет турнир – Охрид 2025
Градот Охрид повторно ќе биде домаќин на вистински спортски спектакл – турнирот во баскет 3×3 „Охрид 2025“, кој ќе се одржи од 6 до 8 декември во спортската сала „Билјанини Извори“.
Настанот е во организација на JP Biljanini Izvori Ohrid и KK.Kolibri-Ohrid, со поддршка од Општина Охрид.
Главната цел на турнирот е да се промовира баскетот како динамичен, модерен и урбан спорт, кој ги поврзува генерациите и создава заедништво преку играта и фер-плеј натпреварувањето.
Право на учество имаат сите играчи постари од 18 години.
Бројот на тимови е ограничен на 20, затоа пријавете се навреме!
Пријавување: од 4 до 15 ноември 2025 година (или до исполнување на бројот на екипи).
Место: дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“, секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот.
Котизација: 4000 денари по екипа (уплата до 1 декември на жиро сметка на ЈП „Билјанини Извори“).
За повеќе информации поврзани со претстојниот турнир во баскет 3×3 Охрид 2025, сите заинтересирани да се обратат на следниот телефонски број: 078/260-987.
Средствата од котизацијата ќе бидат насочени директно во наградниот фонд.
За време на одржување на турнирот предвидено е и организирање на специјален и ревијален програмски дел за најмладите баскеташи:
Специјален дел:
Натпревар во тројки (3 Point Contest)
Натпревар во забивање (Dunk Contest)
Ревијален дел за најмладите баскеташи:
Категорија 1: родени 2014 и помлади
Категорија 2: родени 2012 и помлади
Категорија 3: родени 2010 и помлади
Три дена исполнети со спорт, адреналин и забава, Охрид повторно ќе биде центар на урбаниот баскет и позитивната енергија!
Ве очекуваме на 3×3 БАСКЕТ ТУРНИР – ОХРИД 2025!
#јпбилјаниниизвори #ккколибри #општинаохрид #Ohrid3x3 #Basketball #Ohrid2025 #SportSpirit
