16/04/2024
Македонија

40 години од постоењето на Факултетот за безбедност

Четири децении егзистирање на оваа високо образовна институција значат голема истрајност, научно љупобитство, истражување и секако воспитување и образување на генерации академски граѓани, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на свечената академија по повод одбележувањето на 40 години од постоењето на Факултетот за безбедност при Универзитетот “Свети Климент Охридски“.

„Сето тоа, почитувани, на еден или друг начин, претставува драгоцена општествена контрибуција на оваа високо образовна установа, вткаена во развојот на македонското општество во целина. Можеби, од аспект на временскиот фактор, четириесетте години постоење и работа е кус период. Но, јас сум длабоко уверен, а тоа го покажува и портфолиото на вашата институција, дека времето во овој случај е ирелевантен фактор во споредба со резултатите и значењето што овој Факултет го има“, рече министерот Спасовски.

Деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски на министерот Спасовски му додели плакета 40 години за Министерството за внатрешни работи.

https://www.youtube.com/watch?v=pW7JU7W-VRU