415 нови случаи на ковид-19, починати 19 лица

Во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 170
-Прилеп 62
-Кавадарци 32
-Велес 25
-Неготино 20
-Охрид 12
-Струмица 11
-Гевгелија 10
-Куманово, Тетово и Штип – по 8
-Богданци 7
-Струга 6
-Крива Паланка 5
-Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево – по 4
-Гостивар и Кичево – по 3
-Битола, Делчево и Валандово – по 2
-Виница, Дебар и Демир Хисар – по 1

Пријавени се вкупно 19 починати лица. Пријавени се шест пациенти кои починале во тек на месеците ноември-декември, 11 пациенти од Скопје (69г, 75г, 80г, 65г, 66г, 61г, 67г,72г, 76г, 71г и 68г), два пациенти од Тетово (79г и 65г) и по еден пациент од Куманово (50г), Прилеп (78г), Велес (77г), Охрид (87г), Кичево (51г) и Гевгелија (69г). Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

Регистрирани се 244 оздравени пациенти од:

-Скопје 110
-Кавадарци 24
-Прилеп и Велес – по 17
-Куманово 12
-Струмица 9
-Битола 8
-Ресен 7
-Гостивар 6
-Неготино и Берово – по 5
-Тетово 4
-Штип 3

-Охрид, Кратово, Демир Капија, Виница, Радовиш и Дојран – по 2

-Богданци, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Пехчево – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 497.268 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.