20/04/2024
Македонија

44 прекршувања на забраната за движење, 432 санкции за неносење маска (Видео)

 Од 21.00 часот (29.04.2021) до 05.00 часот (30.04.2021) констатирано е дека 44 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (29/30.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 432 прекршоци.  

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19. 

https://www.youtube.com/watch?v=8Xti3biIe5o