25/04/2024
Македонија

454 нови случаи на Ковид – 19, починати се 14 лица

Во последните 24 часа направени се 3.019 тестирање, а регистрирани се 454 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 187
• Битола – 37
• Прилеп – 32
• Куманово – 30
• Штип – 29
• Кавадарци – 25
• Велес и Тетово – по 17
• Охрид – 12
• Кочани и Пробиштип – по 9
• Крива Паланка и Ресен – по 7
• Неготино – 5
• Свети Николе – 4
• Богданци, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Струга и Струмица – по 3
• Берово и Кичево – по 2
• Виница, Гостивар, Дојран, Македонски Брод и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 6 починати лица од Скопје (52г, 53г, 66г, 77г , 80г и 87г), 2 починати лица од Велес (57г и 85г), и по едно починато лице од Кочани (62г), Битола (71г), Куманово (73г), Струмица (73г), Кратово (77г), и Кавадарци (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лица со датум на смрт од 31.10.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје, на возраст од 76 години, во болнички услови.
Регистрирани сe 236 оздравени пациент од:
• Скопје – 98
• Куманово – 23
• Штип – 17
• Велес – 16
• Кавадарци – 14
• Битола – 12
• Прилеп – 10
• Радовиш – 7
• Кочани и Пробиштип – по 6
• Ресен и Берово – по 4
• Свети Николе, Струмица, Делчево, Демир Хисар, Виница, Пехчево и Кратово – по 2
• Гевгелија, Богданци, Кичево, Гостивар и Крушево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077, бројот на оздравени пациенти е 190.806, на починати е 7.232, а бројот на активни случаи изнесува 8.039