19/04/2024
Македонија

476 нови случаи на Ковид – 19, починати се 9 лица

Во последните 24 часа направени се 3.145 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19 во:
· Скопје – 208
· Битола – 45
· Велес – 29
· Прилеп – 22
· Куманово – 21
· Кавадарци – 18
· Охрид, Кочани и Гевгелија – по 13
· Штип – 11
· Делчево – 8
· Берово – 7
· Струмица, Неготино и Радовиш – по 6
· Тетово, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 5
· Ресен – 4
· Гостивар, Кичево, Виница , Валандово и Крушево – по 3
· Пробиштип и Пехчево – по 2
· Струга и Македонска Каменица – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (76г и 77г) и Куманово ( 65г и 73г) и по едно починато лице од Велес (79г), Кавадарци (68г), Штип (88г), Прилеп (70г) и Крива Паланка (40г). Од пријавените лица осум се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 14.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Битола (1), Велес(1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 57-81г, од кои 3 лица се починати во домашни услови и едно лице во болнички услови.
Регистрирани сe 279 оздравени пациенти од:
· Скопје – 137
· Куманово – 28
· Кавадарци – 26
· Битола – 15
· Прилеп – 13
· Штип – 8
· Велес – 7
· Кочани – 6
· Охрид и Крива Паланка – по 5
· Тетово и Кратово – по 4
· Гевгелија и Пробиштип – по 3
· Струмица, Свети Николе, Демир Хисар, Кичево и Богданци – по 2
· Делчево, Неготино, Ресен, Македонска Каменица и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.436.695 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455.