20/04/2024
Македонија

525 нови случаи на Ковид – 19, починати се 12 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.858 тестирања, а регистрирани се 525 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 268
• Куманово – 40
• Струмица – 27
• Штип – 25
• Битола – 23
• Охрид –17
• Велес и Свети Николе – по 16
• Кавадарци – 15
• Кичево – 14
• Прилеп и Кочани – по 10
• Крива Паланка – 9
• Гевгелија – 6
• Струга – 5
• Тетово и Радовиш – по 4
• Неготино – 3
• Гостивар, Берово, Валандово и Кратово – по 2
• Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија – по 1
Регистрирани сe 449 оздравени пациенти од:
• Скопје – 246
• Куманово – 30
• Струмица – 28
• Штип – 20
• Кавадарци – 14
• Кичево – 13
• Гостивар – 12
• Велес и Свети Николе – по 10
• Битола и Кочани – по 9
• Прилеп, Тетово и Радовиш – по 7
• Крива Паланка, Гевгелија и Ресен – по 5
• Богданци – 4
• Кратово и Виница – по 2
• Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 3 починати лица од Скопје (82г, 83г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 22.08.2021 до 19.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово, и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56-84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 5 лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.269.370 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159 бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207