25/04/2024
Македонија

550 нови случаи на Ковид – 19, починати се 12 лица

Во последните 24 часа направени се 3.029 тестирања, а регистрирани се 550 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 214
• Битола – 58
• Куманово – 30
• Кавадарци – 27
• Велес – 26
• Тетово – 23
• Штип – 22
• Прилеп – 19
• Кочани – 18
• Крива Паланка – 15
• Пробиштип – 11
• Кичево – 9
• Струмица и Неготино – по 8
• Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 7
• Берово и Крушево по – 6
• Охрид, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 5
• Валандово – 4
• Струга и Македонска Каменица – по 2
• Богданци – 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (32г, 70г, 70г, 87г и 88г), 2 лица од Куманово (75г и 86г) и по едно починато лице од Велес (64г), Крива Паланка (69г), Струмица (63г), Кочани (87г) и Тетово (85г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четри починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово(1), Битола(1), и Пробиштип (1) на возраст од 73 до 81 години, од кои 1 е починато во болнички услови , а 3 се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 390 оздравени пациент од:
• Скопје – 167
• Куманово – 45
• Велес – 27
• Кавадарци – 21
• Тетово и Штип – по 16
• Кочани – 15
• Прилеп, Битола, Охрид и Струмица – по 10
• Гевгелија – 7
• Свети Николе и Крива Паланка – по 5
• Кичево, Струга и Валандово по – 4
• Радовиш, Виница и Кратово – по 3
• Неготино и Богданци – по 2
• Пробиштип – 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.396.992 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 204.416, бројот на оздравени пациенти е 189.947, на починати е 7.194, а бројот на активни случаи изнесува 7.275