29/03/2024
Охрид

57-мо издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри Охрид 2018 

Од 4ти до 7ми јули во изложбниот салон, во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи 57-мо издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри Охрид 2018.

Фестивалот е под покровителство на Собранието на Република Македонија и Министерство за култура на Република Македонија.

Влезот за сите посетители е слободен.

ПРОГРАМА:

4ти јули
19.00 Дефиле на фолклорни ансамбли низ Охридската чаршија
20. 00 Свечено отворање НУЦК „Григор Прличев“
– Концерт на Национален ансамбл на народни игри и песни од Македонија ТАНЕЦ
– „Раштак“
– Песни во изведба на Сузана Спасовска: „Да сум бистра вода“; „Сношти минав крај рајската
градина“
– „Осоговка“
– „Тресеница“
– Песни – Вокални исполнители: „Крена мартината“; „Сум се родил мераклија“; „Седна баба
да вечера“
-„Беломорски Бисер“
– Сплет Оркестарски Ора: „Моминско оро“; „Играорна Фантазија“; „Естрадно оро“
– „Драчевка“

5ти јули
19.00 Дефиле на фолклорни ансамбли низ Охридската чаршија
20.00 НУЦК „Григор Прличев“
– Ансамбл „Денс плус фолк“ Елбасан Албанија
– “Танцот на Елбасан”
– КУД „Кардашик“ Ресен
– „Учајик“
– „Мастика“
– Фолклорно студио „Блажевски“ Скопје
– „Посеље“
– Блок изворни песни
– Поречки игри
– „Оркестарско оро“
– „Пијанец“

6ти јули
19.00 Дефиле на фолклорни ансамбли низ Охридската чаршија
20.00 НУЦК „Григор Прличев“
– Фолк асамбл „Карановац“ – Србија
– Белградска посевина
– Игри на црните треви
– Вражиту во Кобишница
– КУД”ИЛИНДЕН”-Демир Хисар
– Кореографија „Лазаренки“
– Кореографија „На сред село“
– „Денс плус фолк“ – Албанија
– Машки танц
– КУД „БИСЕР“ – Кичево
– Кореографија „КОПАЧИЈА“; сплет од „Свекрвино оро“, „Четворка“, „Малесора“ и
песната „Ангелино моме“.
– Фолклорен ансамбл „ТИКВЕШ“ Кавадарци
– Игри и песни од Преспа

*21.00 Интеркултурна вечер посветена на соработка и пријателство помеѓу учесниците
(затворен настан)

7ми јули
19.00 Дефиле на фолклорни ансамбли низ Охридската чаршија
20.00 НУЦК „Григор Прличев“
– КУД „Јединство“ Бар, Црна Гора
– Игри од Црна Гора: „ОРО“
– Игри од Шпиц: „Врсута“
– Игри од Маркојевиќ
– ФА БИСЕРИ – Охрид
– Охридски игри

Изложба на влашки народни носии
Доц. М-р Ванѓа Димитријева -Кузманоска