20/04/2024
Македонија

60 санкции за непрописно вградени „фолии“ и светлосни и звучни уреди во возила

Во периодот од 21.06 до 27.06.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

При контролата санкционирани се 60 учесници во сообраќајот, од кои 56 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и четири за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.