05/12/2024
Македонија

606 нови случаи на Ковид – 19, починати се 7 лица

Во последните 24 часа направени се 3.257 тестирања, а регистрирани се 606 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 238
• Битола – 63
• Кочани – 30
• Кавадарци – 29
• Куманово и Прилеп по – 28
• Штип -22
• Велес – 20
• Гевгелија – 19
• Тетово – 15
• Неготино – 12
• Кичево – 11
• Охрид – 10
• Крива Паланка – 9
• Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по – 7
• Гостивар, Радовиш и Кратово по – 6
• Виница – 5
• Струмица – 4
• Струга – 3
• Ресен и Македонска Каменица по – 2
• Валандово, Богданци и Македонски Брод по – 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 5 починати лица од Скопје (69г, 71г, 79г, 81г и 82г) и 2 лица од Велес (68г и 69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 20.08.2021 до 04.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово(1) и Гостивар (1) на возраст од 72 до 83 години, од кои сите 3 се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 320 оздравени пациент од:
• Скопје – 157
• Куманово – 31
• Крива Паланка – 19
• Штип – 13
• Прилеп и Тетово по – 12
• Кочани и Струмица по – 11
• Битола – 9
• Пробиштип – 7
• Берово – 6
• Делчево – 5
• Гевгелија, Демир Хисар, Ресен и Валандово по – 3
• Велес, Кичево, Радовиш и Македонска Каменица по – 2
• Кавадарци, Свети Николе, Гостивар, Кратово, Виница, Богданци и Пехчево по – 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.022, бројот на оздравени пациенти е 190.266, на починати е 7.204, а бројот на активни случаи изнесува 7.552