62 нови случаи на Ковид -19, починати се 25 лица

Во последните 24 часа се направени 572 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19 во:
-Скопје 32
-Прилеп и Штип по 7
-Куманово 5
-Струмица 4
-Кавадарци 3
-Велес, Кочани, Кичево и Виница по 1
Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје ( 69г, 71г, 71г, 71г, 72г, 73г, 76г, 83г, 86г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (36г и 74г), Кавадарци (71г и 84г) и Струмица (56г и 69г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Прилеп (79г), Битола (72г), Велес (78г), Штип (71г), Охрид (81г), Кочани (85г), Пробиштип (63г) и Демир Хисар (70г).
Регистрирани се 398 оздравени пациенти од:
-Скопје 161
-Куманово 48
-Битола 42
-Кочани 24
-Велес 22
-Штип 16
-Берово 13
-Гостивар 12
-Струмица и Гевгелија по 10
-Кичево 7
-Тетово 6
-Свети Николе и Дебар по 5
-Ресен, Пробиштип, Валандово и Богданци по 3
-Радовиш 2
-Прилеп, Охрид и Пехчево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 725.240 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.