25/04/2024
Спорт

64 млади шахисти ќе учествуваат на државните Првенства за 2020 од 25-29 август во Охрид

Шаховската федерација на Македонија, од 25-29 август 2020 година, во „Хотел Метропол А.Д. Охрид“ во Охрид, ги организира Првенствата на РС Македонија за млади за 2020. Технички организатор е Шаховски клуб Прилеп од Прилеп.

На првенствата за млади на РС Македонија за 2020 пријавени се вкупно 64 млади шахисти (девојчиња и момчиња во категории U8, U10, U12, U14, U16 и U18).

ШК Ласкер Охрид ќе учествува на Првенствата за млади на РС Македонија за 2020 со 10 млади шахисти и тоа: Зимоски Надалина и Шапкароски Михаил (U8) Матески Стефан, Николовски Михаил и Лушеска Емилија (U12) Лушеска Елена и Матески Јулиан (U14), Николовски Бранко Никола, Целески Никола, и Лушески Константин (U16) ШК Ласкер Охрид финансиски е подржан од Општина Охрид, Су Хотел Охрид, Сетекс Охрид и Рентакар Ескапе Охрид.

Сите информации за претстојните натпревари може да ги најдете на: http://laskerohrid.weebly.com/ како и на https://chess-results.com/fed.aspx?lan=21&fed=MKD