25/04/2024
Македонија

677 нови случаи на Ковид -19, починати се 13 лица

Во последните 24 часа направени се 3.317 тестирања, а регистрирани се 677 нови случаи на КОВИД-19 во:

· Скопје – 279
· Битола – 86
· Прилеп – 34
· Куманово – 30
· Кавадарци – 28
· Велес – 25
· Кочани – 22
· Делчево – 21
· Тетово – 18
· Гевгелија – 13
· Крива Паланка и Радовиш – по 12
· Ресен и Берово – по 10
· Демир Хисар – 9
· Кичево и Неготино – по 8
· Гостивар и Кратово – по 7
· Штип – 6, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5
· Охрид, Валандово, Богданци и Крушево – по 3
· Струга и Македонска Каменица – по 2
· Струмица – 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје (61г, 70г, 74г, 80г и 86г), и по едно починато лице од Кочани (83г), Битола (79г), Куманово (76г), Прилеп (87г), Велес (77г), Пробиштип (73г), Демир Хисар (47г) и Кавадарци (66г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 517 оздравени пациент од:

· Скопје – 237
· Куманово – 36
· Прилеп – 30
· Битола – 21
· Велес – 20
· Штип – 18
· Тетово и Охрид – по 17
· Кочани – 16
· Кавадарци – 15
· Берово – 14
· Гевгелија – 10
· Крива Паланка – 9
· Кичево – 8
· Радовиш и Неготино – по 7
· Струмица – 6
· Валандово – 5
· Ресен – 4
· Свети Николе, Виница, Пробиштип ,Струга и Македонска Каменица – по 3
· Демир Хисар – 2
· Делчево, Гостивар и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.412.395 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, на починати е 7.255, а бројот на активни случаи изнесува 8.006.