16/04/2024
Охрид

7 години WebOhrid

Пред точно 7 години, на 12 декември 2012 година, точно во 12 часот, 12 минути и 12 секунди, започна со работа електронскиот медиум WebOhrid. Во изминатите седум години нашиот медиум постојано се доусовршуваше, а целта остана иста: брзо, точно и објективно информирање на јавноста.

Нашата редакција е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залагаме за почитување на етиката и професионалните стандарди во известувањето.

Резултат на нашето успешно и професионално работење се многуте признанија, пофалници и благодарници кои ги добиваме од страна на релевантните институции, фирми и поединци.

Им се заблагодаруваме на сите наши читатели, кои постојано нè следат и кои нè поддржуваат изминативе седум години. Исто така, изразуваме голема благодарност кон сите нашите спонзори и соработници за поддршката која ни ја дадоа изминатиот период.

WebOhrid – Вашиот објективен прозорец