18/04/2024
Охрид

8 години WebOhrid

Пред точно 8 години започна со работа електронскиот медиум WebOhrid. Во изминатите години нашиот медиум постојано се доусовршуваше, а целта остана иста: брзо, точно и објективно информирање на јавноста.

Нашата редакција е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залагаме за почитување на етиката и професионалните стандарди во известувањето.

Оваа година, WebOhrid стана член и на Регистарот на професионални онлајн медиуми www.promedia.mk.

Резултат на нашето успешно и професионално работење се многуте признанија, пофалници и благодарници кои ги добиваме од страна на релевантните институции, фирми и поединци.

Им се заблагодаруваме на сите наши читатели, кои постојано нè следат и кои нè поддржуваат изминативе осум години. Исто така, изразуваме голема благодарност кон сите наши деловни партнери за дадената поддршка.

Ваш WebOhrid