83 санкции за брзо возење на територија на СВР Охрид

Денеска (05.06.) во периодот од 09 до 16 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 83 возачи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.