09/12/2024
Македонија

8ми април – Меѓународен ден на Ромите

Осми април е Меѓународен ден на Ромите. Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивнито број во Европа се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% живеат во земјите од источна и југоисточна Европа. Најголем број на Роми има во Романија, Унгарија, Бугарија, Словачка, Чешка, Русија, Србија, Грција и Македонија.

Ромите потекнуваат од Индија и самите меѓу себе се нарекуват Роми (Ром, Рома) или пак Синти (Синто, Синтура). Самото име има ознака на етничка припадност, меѓутоа се користи и за значењето маж. Ромите најверојатно го добиле името по Рама, легендарниот јунак од староиндискиот еп Рамајана, а неговите припадници постанале Рамини деца (Романе чхаве). За тоа сведочат записи на хроничари, научни истражувања, уметнички дела итн.

Ромите се појавуваат во средновековните византски земји во средината на 11 век и може со сигурност да се каже дека тие во Македонија се присутни во 12 век, а голем борј на Роми се стигнати на овие простори за време на владеењето на српскиот крал Стефан Дечански, додека пак уште поголем број на Роми пристигнале во јужнословенските земји за време на владеењето на османлиите на овие простори.

Така, во полисите што ги правеле османлиските власти, може да се најдат податоци за Ромите кои живееле во турските кадилуци или казни. Во тие полиси може да се најде дека Роми имало во македонските градови, Штип, Кратово, Велес, Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Кичево, Дебар и Охрид.

Најголем дел од пристигнатите Роми во тој период работеле како ковачи, артисти, гатачи, дресери на животни, јажари, свирачи, калајџии, кожари, папуџии, слуги, бојаџии и др.

Во Македонија во периодот 1888-1895 година, кога е правен попис на населенито, имало 22.001 жител – Ром. Најмногу Роми имало во битолскиот, прилепскиот, скопскиот, струмичкиот и тетовскиот округ. Половината од нив живееле во градовите.

Според податоците на истражувачите и научнициате (етанолози, географи, социолози и историчари) кои ги проучувале Ромите, во периодот до 12-20 век над Ромите се правени масовни егзодуси, прогони, погроми и асимилации. Уште се свежи сеќавањата на Холокаустот на Ромите во текот на Втората светска војна.

На предлогот на Слободан Верберски, од 6-8 април 1971 година е одржан Првиот Светски конгрес на Ромите. На Конгресот присуствувале делегати до 14 земји. Тие го прифатиле името Ром, определиле официјално знаме и химна на сите Роми во свеот. Биле формирани пет комисии, кои ќе се занимаваат со општествени проблеми, образование, воени злосторства, јазик и култура.

Формиран е постојан Секретаријат на Конгресот и Извршно тело на Конгресот. За прв претседател бил избран Слободан Берберски. Воспоставен е и прв контакт на Ромите со нивната прататковина Индија преку Амбасадата на Индија во Лондон.

Од 1971 наваму, рoмското движење во светот постојано расте, а Меѓународниот ден на Ромите 8 април се слави во Америка, Африка, Азија, Австралија и Европа. Македнските Роми со своите активности даваат голем придонесе во јакнењето на тоа движење и развојот на Ромите.

Во 2007 година, по предлог Амандман на тогашниот Ромски пратеник Шабан Салиу и усвоен од владата на Никола Груевски, 8-ми Април денес се одбележува како државен празник и неработен ден на Ромите во Македонија.